Јокиќ и Дончиќ одлични, ама Денвер и Лејкерси поразени (ВИДЕО)

0
фото: Denver (X)

Никола Јокиќ уште еднаш одигра маестрален меч за својот Денвер, овојпат против Далас, но сепак неговиот тим беше поразен. Србинот на кракот заврши со нов “трипл-дабл“, единаесетти оваа сезона и тоа 29 поени, 20 скокови и 13 асистенции, ама бадијала, на крајот беше 131:121 за Маверикси.Едноставно Денвер немаше своја ноќ и дозволи од еден од послабите тимови во НБА да биде поразен.

Лејкерси и Лука Дончиќ по серијата од седум победи, беа поразени од Феникс со 125:108. Словенецот одново имаше магичен меч со 38 поени, 11 скокови и 5 асистенции, но сепак и овие бројки беа недоволни да се дојде до осмата победа во низа.

Леброн Џејмс заврши со 10 поени и 3 асистенции.

На останатите мечеви беа постигнати следните резултати:

Детроит – Атланта 99:98, Индијана – Кливленд 119:135, Вашингтон – Милвоки 129:126, Бруклин – Шарлот 116:103, Мајами – ЛА Клиперс140:123, Орландо – Чикаго125:120, Јута – Хјустон 133:125.

ПретходноРајо и Валенсија ги поделија бодовите