Влаховиќ мора на операција, најмалку до март ќе биде во „аут“!

25
фото: H @HQpcrt (X)

И дефинитивно лоши вести за Јувентус кога е во прашање Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец и дефинитивно ќе мора да се оперира и ќе отсуствува долго време. Првите прогнози велат дека паузата ќе трае најмалку до март следната година.
Повредата на мускулот против Каљари е толку сериозна што српскиот напаѓач ќе мора да се оперира. Одлуката е донесена, единственото прашање е каде ќе се изврши операцијата.
Според прелиминарните проценки, централниот напаѓач очекува пауза барем до март. Оваа сезона, Влаховиќ постигна осум гола на 20 натпревари во сите натпреварувања, од кои само три беа во Серија А. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.

ПретходноТаневски: Тимот е мотивиран и со желба за одлично издание против Лихтенштајн!
СледноСпалети: Вистински лав дава сè од себе, дури и против глушец