ВМФЛ: Охрид го “распарчи“ Г. Коњари, броеше до ДЕВЕТ!

1
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос/FB

Охрид е на чекор до тоа да биде есенски првак во ВМФЛ. Имено попладнево, во заостанатиот меч од 13.коло, овој тим со неверојатни 9:0 славеше кај Г. Коњари и сега е втор на табелата со 33 бода, два помалку од водечката Шкендија Арачиново. Сепак да не заборавиме дека Охрид во недела игра со Слога (В), во уште еден заостанат меч, но од 14.коло, и против тоталниот аутсајдер.

Јасно е дека ако не се случи некакво чудо, тогаш Охрид ќе го добие и овој натпревар и со 36 бодови ќе биде есенски првак и ќе презими како лидер на второлигашката табела.

Денеска се играше уште еден меч, тој од 14.коло, на кој во Тетово домашниот состав на Тетекс и Кожув одиграа 0:0.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

03.12.2025 (13.коло)

Г. Коњари – Охрид 0:9

03.12.2025 (14.коло)

Тетекс – Кожуф 0:0

06.12.2025 (15.коло)

Кожуф – Вардар (Н)

Осогово – Новаци

07.12.2025 (15.коло)

Г. Коњари – Тетекс

Слога (В) – Охрид

12.12.2025 (15.коло)

Детонит – Скопје

ТАБЕЛА

Шкендија Арачиново (15) 35, Охрид (14) 33 Брегалница 33 (15), Беласица (15) 31…

ПретходноИ официјално: Алекс во дресот на Локомотива Загреб! (ФОТО)