Куња се враќа утре со Вест Хем, Шешко и Мегваер во „аут“

0
фото: Fabrizio Romano (X)

Матеус Куња се враќа во составот на Манчестер Јунајтед за натпреварот против Вест Хем. Сепак, дефанзивецот Хари Мегваер и напаѓачот Бенјамин Шешко остануваат надвор од теренот, додека уште двајца играчи се под знак прашалник.

Веста ја објави лично менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим.

„Имаме двајца сомнителни играчи за натпреварот, но нема да ви кажам денес. Тоа ќе го промени начинот на кој пристапуваме кон натпреварот, да видиме дали можат да играат. Остатокот од тимот е во добра состојба. Матеус се врати. Хари и Шешко сè уште не се со нас“, додаде Аморим.

Аморим рече дека навивачите на Јунајтед сè уште не го виделе најдоброто од напаѓачот Матеус Куња, едно од клучните засилувања на тимот кон крајот на сезоната.

ПретходноПреговорите пропаднаа: Тринкиери го „откачи“ Партизан