Андреа Тринкиери, сепак, нема повторно да седне на клупата на Партизан. И покрај сите најави изминатите денови низ српските медиуми, сепак, по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, Партизан ќе мора да побара нов стручњак.
Последните вести велат дека двете страни не постигнале конечен договор, иако разговорите биле водени во неколку наврати, но Тринкиери на крајот одлучил да ја отфрли понудата.
Ова го остава Партизан повторно без планирано решение, а потрагата по нов тренер влегува во уште понеизвесна фаза.










