Марко Ѓорѓиевски со прв гол во дресот на Херманштад

1
фото: FC Hermannstadt (FB)

Македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски го постигна својот прв гол во дресот на романски Херманштад. Попладнево во натпревар од групната фаза во романскиот куп, неговиот тим славеше на гостувањето кај Ботошани со 3:1, а нашиот интернационалец погоди за водство на гостите од 2:1 на самиот почеток на второто полувреме.

Инаку ова беше 11-от настап на Ѓорѓиевски во дресот на Херманштад откако на почетокот на септември се пресели во овој клуб од екипата на Клуж.

ПретходноХајди Клум, Никол Шерцингер, Роби Вилијамс…на ждрепката за СП 2026! (ФОТО)