Пелистер со пораз заминува на паузата во Лигата на шампиони. Македонскиот првак не успеа да дојде до втор триумф сезонава во пресметките со Загреб, на гостински терен беше совладан со 27-23 (14-12) во меч од 10. коло. За хрватскиот состав ова беше прв триумф, додека за Пелистер осми пораз. Овој резултат не е добар во однос на битката за пласман во нокаут фаза.
Главната мака на битолчани беше Метрик, кој имаше 11 одбрани, Главаш имаше 10 гола. Кај Пелистер, Кузмановски имаше седум гола.
Добар старт на актуелниот македонски првак, отвори со 1-5 во 17-та минута. Сепак битолчани застанаа, на другата страна се разбуди Загреб, со серија од 8-2 во 22-та минута го запишаа првото водство на мечот од 9-8. Манасков од седум метри изедначни на 9-9, но домашниот состав успеа да ги казни неколкуте промашувања на Пелистер.
Со нова серија (6-1) од крајот на првото и почетокот на второто полувреме, Загреб дојде до првото водство од шест гола (19-13) во 41 минута. На голот на противникот беше одличен Мештрик, во овој период имаше четири интервенции. Пелистер во 11 минути во второто полувреме постигна само еден гол, беше дело на Пешевски, кој исто така успеа да стави крај на серијата на противникот, на него се надоврза Радивојевиќ за 19-15.
Трендот на загубени топки продолжи, нешто после средината на второто полувреме, Загреб поведе со 22-16. Колку и да се трудеше македонскиот првак во мечот, неверојатниот голман на Загреб, Мештрик, беше тешко совладлив. Разликата беше од четири до пет гола во корист на хрватскиот тим. Пелистер не најде начин да се врати во оваа средба.










