Како некои работи во фудбалот знаат и тоа како да се променат. Имено на 26 октомври во Реал Мадрид сè беше толку идеално и бајно по победата над Барселона во „Ел Класико“. Тоагш тимот на Чаби Алонсо на Барса и бегаше +5 бодови, денеската заостанува -4.
Мадридски извори пишуваат дека минатата и оваа недела се одржале неколку состаноци, што не е вообичаена практика во Реал Мадрид кога „сè е во најдобар ред“ како што тврдат од клубот.
Всушност, уште еден состанок е закажан за четврток ако Реал Мадрид не го победи Атлетик Билбао вечерва. Бидејќи тоа би бил четвртиот нерешен натпревар без победа, по три нерешени со Рајо Ваљекано, Елче и Жирона, а во Реал Мадрид ја сметаат таквата серија за недозволива.
Иако Флорентино Перез јавно вели дека апсолутно го поддржува Чаби Алонсо, Шпанецот сигурно е под огромен притисок поради послабите игри и резултати.










