Елмас погоди во пенал-рулетот, Наполи во четвртфинале на Купот (ВИДЕО)

43
фото: Cagliari (X)

По 10 серии пенали, Наполи успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на италијанскиот куп. На дуелот на домашен терен, Елмас и неговите соиграчи одиграа само 1:1 во регуларните 90 минути, по што се пристапи кон изведување на пенали за да се донесе одлуката за патникот во следната фаза на натпреварувањето.

Во регуларниот дел, Елмас тргна како стартер за Наполи кој успеа да дојде во водство од 1:0 со голот на Лука во 28. минута. Упорните и трпеливи гости, успеаја да го израмнат резултатот на 1:1 во 67. минута, кога Еспозито го совлада Милинковиќ-Савиќ.

Пенал рулетот почна со по три погодоци во првите три сетии, по што Феличи ја погоди стативата од голот на Наполи. Наполитанците добија шанса во петтата серија да го решат мечот, но Нерес не успеа да го совлада гостинскиот голман.

Следуваа нови пет серии пенали, од кои во првата шутираше и нашиот Елиф Елмас кој рутински го совлада голманот на Каљари. Одлуката падна во последната серија кога за КаљариЛувумбо промаши, а Бонџорно со гол го однесе наполи во четвртфиналето.

Претходно денеска Аталанта со 4:0 ја победи Џенова за четвертфинале.

ПретходноНово лошо издание на битолчани: Загреб му се одмазди на Пелистер