Не му давајте да шутира „слободни“: Центарот на Њујорк не може да погоди од „линијата“

0
фото: Complex (X)

Центарот на Њујорк, Мичел Робинсон, беше неверојатно непрецизен од линијата за слободни фрлања оваа сезона, реализирајќи само 17,6 проценти од сите обиди. Доколку овој тренд продолжи, Робинсон би можел да го надмине тоталниот анти-рекорд на легендарниот центар Бен Волас.

Имено, Волас е запишан во историјата на НБА како најлош изведувач на слободни фрлања во една сезона. Додека играше за Детроит во сезоната 2000-01, Волас погоди само 33,6 проценти од изведените слободни фрлања (80 од 238), што е најлошиот резултат на еден кошаркар во една сезона во историјата на НБА.

ПретходноКуња се враќа утре со Вест Хем, Шешко и Мегваер во „аут“