Самоил Ристевски после долга пауза се врати на терените. Кружниот напаѓач е дел од тимот на Пелистер, кој е во Загреб и го игра последниот меч од оваа година во Лигата на шампиони.
Тој истакна дека физички се чувствува одлично, неговата цел е да се врати на максимално ниво и да придонесува на сите мечеви на кои ќе добие шанса. Што се однесува до дуелот против Загреб, очекува и втора победа против хрватскиот тим.
„Физички се чувствувам одлично. Благодарност до сите во тимот за поддршката во тешкиот период. Имав минутажа на последните натпревари, сакам да играм подобро и да го докажам мојот квалитет. Се подготвуваме за Загреб, гледаме видеo-анализа, тренираме напорно и се надеваме на најдоброто. На секој меч одиме на победа, така ќе биде и овој пат. Загреб е одлична екипа, во Лигата на шампионите нема лоши тимови. Ќе одиме да извојуваме победа и се надевам дека ќе успееме во нашата намера“, изјави Самоил Ристевски.
Мечот меѓу Загреб и Пелистер се игра со почеток во 18:45 часот, првата средба во Битола заврши со победа на актуелниот македонски првак од 25-23.










