Новоформираната фудбалска репрезентација на Македонија до 20 години ја оствари и првата официјална победа. Попладнево на пријателскиот натпревар со една година повозрасните врсници од Лихтенштајн, избраниците на селекторот Александар Таневски славеа со убедливи 0:3 на гостувањето во градот Шан во Лихтенштајн.
По првото полувреме резултатот беше нерешен 0:0, а сите три гола нашите надежи до 20 години ги постигнаа во второто полувреме. Резултатот го отвори Величковски со гол во 52. минута, по што следуваше првиот гол на Данев во 57. минута за 0:2.
Во 78. минута Данев го постигна и вториот гол на денешниот натпревар и тоа директно од слободен удар за конечни 0:3.










