Одбојкарките на македонскиот првак Јанта Волеј ги завршија настапите во ЦЕВ Купот со втор пораз од екипата на Младост Загреб. По скопските 0:3, идентичен беше резултатот и на денешниот реванш меч во Загреб, каде домашната екипа без поголеми проблеми дојде до максималната победа.
МЛАДОСТ ЗАГРЕБ – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3:0 (25-11, 25-16, 25-22)
Првиот и вториот сет им припаднаа на Хрватките со убедлива предност, додека во третиот сет избраничките на Никола Јаневиќ успеаја достојно да се држат до самата завршница на сетот. Сепак, за овој млад состав на нашиот првак овие годинешни европски настапи се огромно искуство.
Ледесма со 7 и Јаневиќ и Маројевиќ со по 5 освоени поени беа најдобри реализатори во редовите на Јанта Волеј.










