Аргентина во шок: Меси дефинитивно не потврди дека ќе игра на СП 2026!

0
ФОТО: Argentina National Football Team/FB

Фудбалскте фанови во Аргентина се во шок. Имено Лео Меси не го потврди своето учество на Светското првенство во 2026 година, но изрази надеж дека ќе биде таму.

Се надевам дека ќе бидам таму. Веќе реков и претходно дека би сакал“, рече Меси во интервју за ESPN, додавајќи дека ќе игра ако неговото тело може да го издржи тоа.
„Во најлош случај, ќе бидам таму и ќе ги гледам натпреварите во живо, но ќе биде посебно. Светското првенство е посебно за секого, за секоја земја, особено за нас, бидејќи го живееме на сосема поинаков начин“, рече тој.

Неговиот одговор и неизвесноста околу неговиот настап ги загрижија Аргентинците.
Аргентина ја освои титулата светски шампион на последното Светско првенство во Катар 2022 година откако ја победи Франција во финалето со подобро изведување на пенали.

ПретходноСерафимов си даде автогол во градското дерби!