И Шекил, Брејди, Фердинанд, Грецки… на ждрепката за СП!

31
ФОТО: X

Нема дилеми дека утре од 18 часот по наше време и тоа како ќе се случува спектакл во Вашингтон каде ќе се одржува ждрепката за групната фаза за СП.

Во Вашингтон ќе бидат извлечени 12 групи од четири групи, а во моментот на извлекувањето ќе бидат познати 42 учесници на Светското првенство. Останатите шест ќе бидат познати во март по дополнителните квалификациски мини-турнири.

Целата манифестација или програма ќе ја водат Андреа Бочели, со Роби Вилијамс, Никол Шерцингер, а финалниот настап ќе го прават „Вилиџ Пипл“, додека гала програмата ќе ја водат Хајди Клум и Кевин Харт.
Рио Фердинанд и голем број големи американски и канадски спортски имиња, меѓу кои Том Брејди, Арон Џонс, Вејн Грецки и Шекил О’Нил, ќе играат клучна улога во ждрепката.

ПретходноПадна и Фуксе Берлин, Магдебург остана перфектен, ГОГ скокна пред ПСЖ
Следно“Гробари“: Сите ние сме Жељко! Ама Партизан без Обрадовиќ го победи Баерн!