Пелистер не мина според очекувањата во Загреб иако имаше одличен старт против хрватскиот тим. Ракометарите на актуелниот македонски првак отворија си 1-5, а потоа му дозволија на противникот да ја топи нивната позитива и да го наметне своето темпо.
Капитенот Филип Кузмановски им ја честиташе победата на противниците потенцирајќи дека заслужено се радувале.
„Сите знаат дека во Загреб не е лесно да се игра. Имавме мали проблеми со ротацијата, тоа се почувствува во второто полувреме и Загреб заслужено славеше. Нивниот голман одбрани се во продолжението и со тоа го турна својо тим кон победата“, прокоментира Филип Кузмановски.
Следи пауза во Лигата на шампиони, Пелистер дури ќе продолжи во февруари против Висла на домашен терен.










