Јакимовски повторно одличен во новата победа на неговиот Тренто

0
ФОТО: Aquila Basket Trento/FB

Сега веќе и дефинитивно е јасно дека кошаркарска Македонија има своја нова ѕвезда и тоа во името на Андреј Јакимовски. По фантстичните партии за репрезентацијата на Македонија пред неколку дена во претквалификациите за ЕП, младиот Јакимовски и вечерва во дресот на својот Тренто покажа дека е во супер форма.

Имено тој и тоа како беше дел од победата на овој италијански клуб на гостувањето кај Улм во меч од 9.кло во ФИБА Еврокупот.

Јакимовски забележа 13 поени и неверојатни 9 скокови, во овој сегмент беше најдобар на мечот и имаше и една асистенција и тоа за 24 минути минати на теренот.

На крајот резултатот беше 87:100 за Тренто, за четврта победа во ова европско натпреварување.

ПретходноОстоја го нема во Арена: Свирежи за играчите на Партизан, се скандира … Обрадовиќ Жељко! (ВИДЕО)