Босански судија го украде шоуто на фудбалерите во Бјелина (ВИДЕО)

0

Горан Илинчиќ помошник судија на натпреварот Радник Бијелина – Борац Бања Лука (0:1) во 17-то коло од шампионатот на Босна и Херцеговина, им го украде шоуто на играчите на теренот. Сцената со него стана вирална. За време на спринт по работ на игралиштето, Илињиќ целосно ја изгуби рамнотежата и падна на тревата.

Тој заврши таму по неколку неизвесни чекори во трката и удри во билборд. За среќа, не се повреди и веднаш продолжи со работата. Видеото од неговиот пад кружи на социјалните мрежи и многумина го сметаат за најсмешниот момент не само од ова коло.

@sportsportba Pomoćni sudija Goran Ilinčić se našao u “problemu” na utakmici FK Radnik – FK Borac 😄 #wwinligabih #fkradnik #fkborac #fyp #viral ♬ 369 HZ – BOS

ПретходноГарабаја оди по тенка линија во Пелистер, „сламката“ за спас се вика Вардар!