Ко-домаќинот на Светското првенство за жени, Германија, приреди шоу за над 9.000 навивачи во Дортмунд, победувајќи ја Црна Гора со 36-18 за пласман во четвртфиналето по четврти пат по ред, по 2019 (8-мо место), 2021 (7-мо место) и 2023 (6-то место).
Во истата група Србија не успеа да дојде до победа против Фарски Острови (31-31), но остана втора на табелата со пет бода, три помалку од лидерот Германија.
Шпанија имаше лесна задача против Исланд славеше со 30-23 и сега има четири бода, исто колку и Црна Гора.
Во групата 3 во главната рунда продолжува да биде неизвесно. Франција остана непоразена откако славеше против Австрија со 29-17 . Сега има шест бода исто колку Холандија која пак беше подобра од Тунис со 39-21. Претходно Полска ја совлада Аргентина со 25-28.










