Несторовски: Сакав да се откажам од фудбалот на 22 години

1

Илија Несторовски, поранешниот македонски фудбалер во интервју за „Моцарт Спорт“ зборуваше за својата кариера, како изгледа патот на еден играч од нашата земја до височините.

Тој откри дека воопшто не било лесно, па дури на 22 години сакал да се откаже од фудбалот.

Eпизодата со Викторија Жижков не беше за паметење, а враќањето во Македонија не се покажа како добар потег. Поточно, во еден момент во Металург беше суспендиран, а натпреварите ги гледаше од трибините?

„По сè во Словачка, побарав да одам на позајмица и ми се случи Викторија Жижков. Бев таму половина година и беше навистина лошо. Атмосферата во тимот и околу клубот беше лоша, финансиска криза. За среќа, останав кратко и си заминав, ми беше доста од сè. Решив да се вратам во Македонија и таа епизода во Металург беше уште полоша. Луѓето креваа раце да ме доведат, ми раскажуваа бајки, дека ќе донесат уште десет играчи покрај мене, но брзо сфатив дека ништо нема да произлезе од тоа. Беше само мамка да дојдам, бидејќи во тој момент бев млад македонски репрезентативец. Тоа е вистина за суспензијата, но не бев само јас, туку уште пет, шест играчи. Најлошото од сè, се случи да го изгубиме натпреварот, петмината седевме на трибините, а луѓето од клубот нè обвинуваа за поразот. Никогаш не сум доживеал нешто слично. Беше толку лош период што ме натера да размислам дали вреди да се игра фудбал уште. Сакав да се откажам од сè, и во тој момент бев речиси…22 години. На крајот, љубовта кон играта преовлада“, се присетува нашиот фудбалер. 

Несторовски откри дека имал понуда од Црвена Звезда, но морал да ја одбие поради неговото семејство.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА. 

ПретходноБајка во Бразил: Нејмар над повредата, после две и пол години запиша хет-трик (ВИДЕО)