Столе Димитриевски уште еднаш покажа зошто треба да биде прв голман на Валенсија. Се играше 119.минута од второто продолжение на средбата од 1/32 коло во “Копа дел Реј“ меѓу Картагена и Валенсија, кога домашниот тим, инаку третолигаш, доби пенал. Шутираше од белата точка Санчез, а Македонецот со фантастична одбрана го спаси својот гол. Останаа тие 1:1, а во 120+1.минута Васкез успеа да реализира за победа од 1:2 и за пласман во следната рунда во “Копа дел Реј“.
Познато е дека Македонецот е стартер во ова натпреварување во Валенсија.
Картагена поведе со голот на Ортуно во 21.минута, додека Валенсија израмни во 80.минута со голот на Белтран и со тоа овој меч го однесе во продолженија.
И не е само пеналот, Димитриевски одбрани уште неколку опасни удари на домашниот тим, па затоа е херој на Валенсија на овој меч.
🧤 DIMITRIEVSKI se hace GIGANTE y para el penalti!!! pic.twitter.com/QAdTUbX6KY
— ESPORTBASE Media (@esportbase) December 4, 2025










