Натпреварот од 14-то коло од Евролигата помеѓу Олимпијакос и Фенербахче, кој требаше да се игра вечерва во 20:15 часот во салата “Мир и пријателство“ во Атина, е одложен, според извештаите на медиумите низ Европа. Главниот град на Грција беше погоден од силно невреме. Обилните врнежи од дожд целосно го парализираа сообраќајот, а подот во „Салата на мирот и пријателството“ е под вода, па затоа не е можно натпреварот да се игра вечерва.
Се очекува Евролигата наскоро официјално да ја потврди најавата за натпреварот, како и неговиот нов датум.
🚨 SON DAKİKA!
Olympiakos-Fenerbahçe Beko maçı ertelendi.
— Euroleague Time (@euroleague_time) December 4, 2025










