Падна и Фуксе Берлин, Магдебург остана перфектен, ГОГ скокна пред ПСЖ

0
ФОТО: SC Magdeburg/FB

Вечерва се комплетираше 10-то коло во Лигата на шампиони кое е последно за оваа година, битката за пласман во нокаут фазата ќе продолжи во февруари.

Дека најелитното европско клупско натпреварување е непредвидливо потврди Колстад, кој на домашен терен славеше против Фуксе Берлин со 28-24 нанесувајќи му го првиот пораз на Бундес-лигашот сезонава.

Непријатен резултат од групата Б дојде и за Пелистер. ГОГ успеа да ја запише четвртата победа сезонава и да скокне на петтото место на табелата, оставајќи го ПСЖ зад себе со два бода повеќе (ГОГ има 8).

Македонскиот првак ќе презими како седмопласиран со две победи и осум порази, или четири бода, два повеќе од Загреб.

Битката за пласмн во следната рунда, Пелистер ќе ја води против Висла Плоцка на домашен терен (17 февруари), по што следи гостувањето кај ГОГ, па домашен дуел со ПСЖ и за крај гостување кај Барселона.

Магдебург остана единствениот тим без пораз после 10 коло. Бундес-лигашот го победи Пик Сегед со убедливи 40-32 и ќе презими како лидер во групата Б.

Резултати: Колстад – Фуксе Берлин 28-24, Веспрем – Спортинг 32-31, Висла – Гог 34-35, Магдебург – Пик Сегед 40-32, Нант – Кјелце 29-33.

ПретходноГерманија приреди шоу за 1/4 финале, Франција остана непоразена!