Гарабаја после поразот во Загреб: Тежок меч, нашиот напад не изгледаше добро!

0

Пелистер со пораз ја затвори календарската година во Лигата на шампиони, откако на гостински терен кај Загреб беше совладан со 27-23. За актуелниот првак ова беше осми пораз, има и две победи. Бодовите против храватскиот тим беа важни за отварање на патот кон пласман во нокаут фазата.

Рубен Гарабаја, стратегот на Пелистер даде своја кратка анализа за мечот.

Тежок натпревар. Добро го отворивме, и би рекол дека игравме доста добро на дефанзивната страна, но за да победите во натпревар од Лигата на шампионите мора да играте добро на двете страни од теренот, а против Загреб нашиот напад не изгледаше добро. Тоа е дефинитивно нешто на кое ќе треба да работиме и да најдеме начини да бидеме повнимателни, потрпеливи и подобро да се грижиме за топката“, изјави тренерот на Пелистер.

Пелистер е седми на табелата со четири бода, два повеќе од последниотпласираниот Загреб, и два помалку од ГОГ, кој има меч помалку, и од ПСЖ, кој вчера загуби од Барселона.

ПретходноМареј го фрли одличниот Јокиќ во сенка (ВИДЕО)