“Гробари“: Сите ние сме Жељко! Ама Партизан без Обрадовиќ го победи Баерн!

0
ФОТО: Screenshot

Емотивно беше вечерва во Арената во Белград. Фановите на Партизан и тоа како со своето однесување покажаа што мислат за заминувањето на Жељко Обрадовиќ. Се скандираше во поголем дел од мечот со Баерн – Обрадовиќ Жељко. Иако Партизан одигра сосем добар меч, па и славеше против германскиот тим со 92:85 сепак во преден план беше она што се случуваше на трибините каде се скандираше против првиот човек на клубот Остоја Мијаиловиќ, како и против претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Да кажеме дека Партизан по 4,5 години за првпат беше предводен од друг тренер, не од Обрадовиќ, но кошаркарите по подолго време и без Жељко на клупата, успеаја да слават.

На останатите мечеви вечерва во ова 14.коло, прво Реал како гостин славеше кај Ефес со 75:81. Изненадување во Каунас, составот на Жалгирис како домаќин беше поразен од Макаби со 65:83. Монако го декласира Париз со 125:104, а Хапоел беше подобар од Асвел со 87:80.Познато е дека дербито меѓу Олимпијакос и Фенербахче не се одигра.

ПретходноИ Шекил, Брејди, Фердинанд, Грецки… на ждрепката за СП!