Куп на Италија: Болоња ја победи Парма и се “чекираше“ во 1/4 финалето

1
ФОТО: Bologna Fc 1909/FB

Иако потешко од очекувањата, сепак Болоња си ја одработи “домашната“ задача во Купот на Италија и се пласираше во следната фаза. Имено Болоња на свој терен во меч од 1/8 финалето во Купот на Италија успеа да слави против Парма со 2:1 и со тоа се “чекиераше“ во следната фаза каде веќе се екипите на Интер, Наполи, Аталанта, Јувентус. Има да се одиграат уште три меча за да се комплетира осминафиналето.

Парма вечерва иако како гостин изненадувачки поведи со 0:1 со голот на Бенедечак в0 13.минута. Сепак домашните израмнија во 38.минута со голот на Роув, па така на пауза се замина со тие 1:1.

И тој резултат важеше се до 89.минута кога Аргентинецот Сантијаго Кастро стрелаше за 2:1, за победа.

ПретходноОдложено дербито во Евролигата: Салата “Мир и пријателство“ спремна за “ватерполо“! (ВИДЕО)