Мареј го фрли одличниот Јокиќ во сенка (ВИДЕО)

1
Фото: Денвер Нагетс Х

Џамај Мареј го одигра својот натпревар во сезоната, а Никола Јокиќ повторно беше на чекор до трипл-дабл во победата на Денвер Нагетс над Индијана Пејсерс 135:120.

Мареј „експлодираше“ со 52 поени, што е негов рекорд во сезоната. Имаше 19/25 шут од поле и речиси совршени 10/11 за тројки. Особено е импресивно што неговиот настап беше под знак прашалник до самиот почеток поради повреда на десниот глужд. На крајот, му недостигаа само три поени за да го израмни својот најдобар резултат во кариерата.

Српскиот центар Никола Јокиќ повторно ја покажа својата разноврсност со 24 поени, 13 асистенции и осум скока. Му недостигаа само два скока од нов, 12-ти трипл-дабл во сезоната, кој сè уште е лидер во лигата.

Кај поразените Пејсерси, Паскал Сиакам беше најефикасен со 23 поени, додека шест играчи постигнаа двоцифрен број поени.

Резултати: Кливленд – Портланд 110-122, Индијана – Денвер 120-135, Орландо – Сан Антонио 112-114, Атланта – ЛА Клиперс 92-115, Њујорк – Шарлот 119-104, Чикаго – Бруклин 103-113, Хјустон – Сакраменто 121-95, Милвоки – Детроит 113-109, Далас – Мајами 118-108.

ПретходноЛиверпул повторно не победи на „Енфилд“, Челзи се „лизна“ против Лидс