Одбрани пенал во 119.минута: Столе ја спаси Валенсија од бламажа!(ВИДЕО)

17
ФОТО: Valencia C.F/FB

Столе Димитриевски уште еднаш покажа зошто треба да биде прв голман на Валенсија. Се играше 119.минута од второто продолжение на средбата од 1/32 коло во “Копа дел Реј“ меѓу Картагена и Валенсија, кога домашниот тим, инаку третолигаш, доби пенал. Шутираше од белата точка Санчез, а Македонецот со фантастична одбрана го спаси својот гол. Останаа тие 1:1, а во 120+1.минута Васкез успеа да реализира за победа од 1:2 и за пласман во следната рунда во “Копа дел Реј“.

Познато е дека Македонецот е стартер во ова натпреварување во Валенсија.

Картагена поведе со голот на Ортуно во 21.минута, додека Валенсија израмни во 80.минута со голот на Белтран и со тоа овој меч го однесе во продолженија.

И не е само пеналот, Димитриевски одбрани уште неколку опасни удари на домашниот тим, па затоа е херој на Валенсија на овој меч.

ПретходноЗакањи го “реши“ Милан и го однесе Лацио во 1/4 финалето во Купот на Италија