Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Никола Серафимов, попладнево во меч од 18.коло во елитната лига на Бугарија се запиша во листата на стрелците ама со автоголот во 27.минута. Македонецот несакајќи ја затресе својата мрежа на својот Левски Софија.
Тоа беше гол за 2:0 за водство на Славија Софија која успеа да слави на ова градско дерби. Инаку Серафимов беше стартер за Левски и ги одигра сите 90 минути за “Сините“ од Софија.
И со овој пораз тимот на Серафимов и натаму е прв на табелата со +5 бодови пред второпласираниот тим.
Кога сме кај Славија Софија да кажеме дека тренер на тој тим е Србинот Ратко Достаниќ, екс стратег на Вардар и Работнички.










