Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, беше прашан за моменталната позиција на Мохамед Салах, кој на последните два меча почна од клупата за резерви.
„Секогаш било така. Не постои неограничена доверба; секој мора да живее според тоа и да го испорача резултатот. Мо го направи тоа, но тренерот ја донесе таа одлука во последните два натпревари. Сите го сакаме најдоброто за клубот. Сигурен сум дека Мо сепак ќе биде голем дел од она што се обидуваме да го постигнеме бидејќи тој е фантастичен играч и тоа го покажува цело време. Но, сите се обидуваме да најдеме конзистентност, а тој има потреба од нас да бидеме во најдобра форма, а ние имаме потреба од него, и тоа е она кон што сите се стремиме“, изјавил Холанѓанецот.
За тоа како Мо ја прифати одликата на Слот, Ван Дајк додаде:
„Тој е сè уште фантастичен играч и мора да се сетиме зошто постигна таков успех во клубот и мора да го почитуваме тоа. Ми треба како еден од лидерите. Не сум загрижен. Разочаран е, но тоа е сосема нормално, бидејќи ако не сте разочарани кога ќе пропуштите два натпревари по ред, тоа е сè уште проблем“, рече ван Дајк.










