Гарабаја си замина од Битола: Е. Пелистер ќе бара нов тренер!

77

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер денеска објави дека Рубен Гарабаја повеќе не е тренер на екипата. Шпанецот си поднел оставка од позицијата, која клубот ја прифатил

Гарабаја заминува од Битола пред истекот на договорот и клубот наскоро ќе назначи негов наследник. Со Гарабаја на клупата клубот го освои Суперкупот на Македонија и одигра достоинствени десет натпревари од Лигата на шампионите за сезоната 2025/25. Гарабаја пред заминувањето од клубот и градот ја објасни својата одлука.

„Сакам да потенцирам дека по натпреварот со Алкалоид не почувствував поддршка од амбиентот. Очекував реакција во Загреб, но со оглед на тоа што таа реакција не дојде, се одлучив да ја понудам мојата оставка. Сметам дека мое заминување во овој момент ќе предизвика позитивна реакција кај тимот и ракометарите. Сакам да им се заблагодарам на сите ракометари, со кои имам одличен однос, и да им посакам успех во продолжение на сезоната. Голема благодарност до клубот за ова мое искуство и многу среќа во иднина“, изјавил Гарабаја.

ПретходноРакометарките на „тест“ во Анкара, прв противник Турција
СледноШундовски ќе биде привремен тренер на Е. Пелистер