По 18 години Леброн остана едноцифрен, но Лејкерси победија со тројка во последниот напад

1
фото: Hoop Central (X)

Во отсуство на Лука Дончиќ, ЛА Лејкерс синоќа славеа на гости кај Торонто со 123:120, но по повеќе од 18 години и 1.297 последователни натпревари во основниот дел од НБА лигата, заврши неверојатната серија на Леброн Џејмс по бројот на натпревари со минимум 10 постигнати поени. Најдобриот стрелец во историјата на НБА (42.268 поени) го заврши натпреварот со Торонто со осум поени во драматичната победа на Лејкерс.

Наместо да се обиде сам да ја продолжи серијата, тој му асистираше на Руи Хачимура за победничка тројка во последните секунди. Иако серијата на Леброн сега е завршена, победата очигледно беше единствената важна. Ова беше само деветтиот натпревар во кариерата на Џејмс во кој постигна едноцифрен број поени, а последен пат тоа се случи на 6 јануари 2007 година. Bекот Остин Ривс покажа дека е во страшна серија постигнувајќи 44 поени (22 од нив во третата четвртина) во победата на својот тим.

Во останатите натпревари синоќа беа постигнати следните резултати:

Филаделфија – Голден стејт 99:98

Вашингтон – Бостон 101:146

Бруклин – Јута 110:123

Торонто – Л.А. лејкерс 120:123

Њу Орлеанс – Минeсота 116:125

ПретходноОдбрани пенал во 119.минута: Столе ја спаси Валенсија од бламажа!(ВИДЕО)