Штипјани ја продолжија победничката серија во Првата лига

34
Фото: ОФМ

На домашната одбојкарска сцена изминативе денови се одигра скоро комплетното 8. коло во Првата лига во машка конкуренција. Највозбудливиот натпревар, како и што се очекуваше, се одигра во Велес, каде екипата на ГОК Борец му даде достоен отпор на нашиот европски претставник Штип УГД успевајќи да освоие еден сет, но не и да направи комплетно изненадување. Штипјани заминаа со трите бода и од ова гостување и остануваат самоуверено на лидерската позицијата на табелата.

Шампионост Струмица со максимален резултат го совлада тимот на Сушево, додека во градското дерби во Тетово, екипата на Лирија беше подобра од Шкендија победувајќи со 3:1.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 8. КОЛО

Скопје – Јанта волеј      ОДЛОЖЕНА

Лирија – Шкендија     3:1 

Работнички 71&22 – Македонија Џио     3:0 

ГОК Борец – Штип УГД     1:3      

Струмица 47&72  – Сушево      3:0     

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип  3:0

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (24), 2. Струмица (22), 3. Борец (18), 4. Работнички (18), 5. Универзитет Тетово (14), 6. Шкендија (13), 6. Сушево (12), , 8. Македонија Џио (8), 9. Лирија (8), 10. Весна Пробиштип (5), 11. Јанта Волеј (0), 12. Скопје (0).

ПретходноЖдрепка за СП 2026: Спектакл во Вашингтон, ФИФА со изненадувања и новитети! И Македонија е можен учесник!
СледноВан Дајк: Салах е разочаран, но јасно му е дека никој нема неограничена доверба