Антиќ: Жално е што Обрадовиќ си замина вака! Ако земаш 2,5 милиони евра…

1

Заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан и понатаму ја тресе кошаркарската јавност, а по тој повод се огласи и македонската легенда Пери Антиќ, негов поранешен играч од шампионската сезона со Фенербахче.

„Овие играчи на Партизан не разбраа кој е Зоц. Треба да бидат среќни што го имале. Иако сум звездаш, многу го почитувам неговиот труд и жално е што замина вака. Србија изгуби многу, не само Партизан“, вели Антиќ.

Тој смета дека однесувањето на дел од играчите било недозволиво и дека Обрадовиќ направил сè за да ја поправи ситуацијата, пред да се реши на заминување.

„Жељко многу го сака Партизан. Пател повеќе отколку што обично би дозволил, само за да остане. Но играчите мора да знаат каде доаѓаат и што значи црно-белиот дрес“, додава Антиќ.

Според него, квалитет има, но менталитет недостига.

„Ако земаш 2.5 милиони по сезона – ќе го изораш паркетот. Не е спорен нивниот талент, туку што не знаеле кој е Жељко – најдобриот тренер во Европа.“

Антиќ признава дека како звездаш е среќен поради формата на Црвена звезда и верува дека тимот на Саша Обрадовиќ има сила за Фајнал-фор.

ПретходноНајтрофејниот докажа дека е и најдобар: Вардар е ЕСЕНСКИ ПРВАК! (ФОТО) .