Голема победа на стружани и ремек-дело на Хамза!

1
ФОТО: FC Struga/FB

Уште едно одлично и победничко издание на Струга ТЛ. Триумф среде Кавадарци над Тиквеш со 0:1 и тоа прекрасниот гол на Хамза во 36.минута. Ова беше шеста победа во низа за четата на стратегот Бледи Шкемби, но ни тоа не беше доволно за да овој тим биде есенски првак. Имено на стружани им требаше Вардар да не слави во Ѓорче, но сепак и покрај водството на “Лавовите“ нашиот најтрофеен клуб успеа да победи со 1:2, па така по последното есенско 16.коло во ПМФЛ Вардар заврши со 42 бода, а Струга ТЛ со еден помалку. Ова покажува дека напролет и двете екипи ќе бијат голема битка за титулата.

Инаку мечот во Кавадарци се одигра на каллив и многу тежок терен за игра. Фудбалерите на Тиквеш и Струга ТЛ си имаа големи проблеми за да ја контролираат топката. На таквиот терен стружани подобро се снајдоа и заслужено освоија нови три бода.

Струга ТЛ имаше шанси и за поубедлива победа, ги контролираше настаните на теренот во целост, па така на крајот, како што рековме, заслужено и победи.

ПретходноПМФЛ: Капитенот Азер Омерагиќ му донесе есенска титула на Вардар!