За Венгер има само еден вистински фаворит за освојување на СП 2026

185

Некогашниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер одговарајќи на новинарски прашања рече дека француската репрезентација ќе биде главен фаворит за освојување на трофејот на Светското првенство во 2026 година. Во очекувањ ена денешната ждрепка за групите на Мундијалот, Венгер вели дека „галските петли“ имаат најмногу ѕвезди во тимот.

„Се обидувам да бидам што е можно пообјективен, но Франција е јасен фаворит од една причина: тие имаат повеќе напаѓачи од светска класа од која било друга репрезентација која ќе биде на ова СП. Тоа ќе биде од огромно значење“, рече поранешниот менаџер на Арсенал.

ПретходноИХФ призна дека Србија е оштетена!
СледноНеочекуван удар за Кристал Палас: Најдобриот стрелец побарал трансфер во јануари!