ПМФЛ: Капитенот Азер Омерагиќ му донесе есенска титула на Вардар!

1

Македонија ЃП – Вардар 1:2. Ова е исходот од денешниот меч во Ѓорче во рамките на последното 16.есенско коло во ПМФЛ сезонава. Победа на Вардар за есенска титула. Вардар по пауза од шест години одново е есенски првак. А не беше лесно за четата на стратегот Гоце Седлоски. “Лавовите“ имаа водство од 1:0, но тогаш на сцена стапи капитенот Азер Омерагиќ кој со два гола за само четири минути, не само што го сврте резултатот за победа од 1:2, туку со тие два гола му донесе и есенска титула на својот тим.

Омерагиќ блескаше, како и на последните мечеви во дресот на нашиот најтрофеен клуб.

Вардар уште на стартот тргна со сите сили во напад. Гостите посакуваа брз гол, но ништо од тоа. Бадијала шансите, првата на Најдовски по асистенцијата на Омерагиќ. Во 14.минута капитенот Омерагиќ убаво со глава шутираше, но домашниот голман Јанков прекрасно одбрани. Потоа се редеа шансите на Закариќ, две на Талевски, на Кастењада, а од 36. до 40.минута Закарич трипати опасно се закани, но гол нема и нема. Последен шанса за гол во првиот дел имаше Талевски, тоа беше прекрасна шанса, но ништо, па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Просто неверојатно е како Вардар немаше водство, да кажеме дека “Лавовите“ во оваа фаза од мечот во два наврати се заканија преку Стојчевски и Адем.

Јасно е дека Вардар и во второто полувреме тргна со атаци кон дома

ШОК ЗА ВАРДАР, “ЛАВОВИТЕ“ПОВЕДОА СО 1:0…

Во 50.минута Софијаноски имаше зицер, вистинско чудо е како Македонија ЃП не поведе, но тоа беше само знак за нешто што ќе се случи три минути подоцна. Адем прекрасно го проигра Еступињан, а овој умешно и рутинирано го совлада Ќосевски за водство од 1:0, за шок за Вардар.

Уф, каков шок за четата на стратегот Гоце Седлоски.

КАПИТЕНОТ ОМЕРАГИЌ ИЗРАМНУВА, А ПОТОА СО ВТОР ГОЛ ЗА 1:2

Вардар брзо се врати од шокот. Иако “Лавовите“ можеа да поведат и со 2:0, сепак гостите израмнија. Се играше 63.минута кога Спахиу прекрасно му асистираше на Омерагиќ кој во манир на расен стрелец успева да ја погоди мрежата на Јанков за 1:1. Јасно е дека сите во Вардар по тој гол на капитенот полесно дишеа, но потребен е уште еден гол.

А тојде дојде во 66.минута кога повторно Омерагиќ прекрасно се снајде пред голот на “Лавовите“ за 1:2, за пресврт.

Секако заслужено ако се знае колку шанси Вардар имаше претходно. Неколку минути подоцна Омерагиќ беше во шанса за хет – трик, но сега немаше гол.

Затоа можеа “Лавовите“ да израмнат и одново да го шокираат Вардар, ако се знае дека Еступињан имаше речиси зицер во 81.минута, но шутираше над голот на Ќосевски.

ПретходноТухел за СП 2026 има подготвено необична тактика која изненади многумина