Попладнево се играат првите два меча од 16. или последно есенско коло во ПМФЛ. По првото полувреме во Ѓорче, резултатот на дуелот Македонија ЃП-Вардар е 0:0.
Тимот на Гоце Седлоски може да жали што нема водство и тоа изразено со неколку голови разлика. Просто несфатливо е колку шанси Вардар успеа да искреира, но ниту еднаш гостите не успеаја да ја затресат мрежата на донашниот голман Јанков.
Закариќ во четири наврати и тоа како опасно се закани, една убава шанса имаше и Омерагиќ, Талевски во два наврати, Најдовски имаше голема шанса по асистенцијата на капитенот Омерагиќ.
“Лавовите“ преку Стојчевски и Адем се заканија, но голманот на Вардар, Ќосевски беше на своето место.
На вториот меч попладнево, кој се игра во Кавадарци,Струга ТЛ со прекрасниот гол на Хамза во 36.минута, по првиот дел води со 0:1.
Ова значи дека ако Вардар сака да биде есенски првак, ќе мора по секоја цена да победи во Ѓорче.















