Ракометарките тргнаа победнички во Анкара!

3

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори турнирот во Анкара, откако против домаќинот Турција славеше со 26-29.

Ризоска со 10 гола беше прв стрелец, зад неа беше Седлоска со пет погодоци, по три имаа Берковиќ и Јанкуловска.

Дуелот започна изедначено, со тоа што предноста од еден гол ја имаше Турција. Нашите девојки рпиредија пресврт и во 20-та минута поведоа со 5-6. Нешто подоцна противникот казни неколку наши грешки и поведе со 11-9 во 25 минута. Ова не беше доволно за да се демотивираат „цврено-жолтите“, на одморот изедначија на 12-12.

Македонија продолжи да игра на високо ниво и во вториот дел, на средината дојде до позитива од 19-21. Сепак турските ракометарки на стартот на 50-та минута изедначија на 22-22, период во кој немавме реализација, на голема среќа домаќинот не искористи напад за да поведе. „Црвено-жолтите“ казнија и повторно дојдоа на плус три 24-27 во 55. минута, доволно за потврда на победата.

Македонија утре го игра вториот меч, за противник ја има селекцијата на Словенија.

ПретходноГолема победа на стружани и ремек-дело на Хамза!