Уште една руска тенисерка го смени државјанството

0
фото: Anastasia Potapova (X)

Анастасија Потапова во иднина повеќе нема да настапува под знамето на Русија. Според информацијата која лично ја потврди тенисерката, таа го менува државјанството и во иднија ќе игра за Австрија.

Руската тенисерка ги исполни сите услови за да игра за Австрија во иднина, објави Австриската тениска асоцијација. Австриската тениска федерација во соопштението соопшти дека се исполнети сите законски, административни и спортски услови Потапова да игра за Австрија.

Потапова (24) моментално е рангирана на 51-во место во светот, а нејзиниот најдобар пласман во кариерата беше во јуни 2023 година, кога беше рангирана на 21-во место на ВТА ранг-листата.

ПретходноВардар 1961 и Пелистер ќе имаа ден повеќе одмор пред големата битка