Екипата н Вардар 1961 продолжува во исто темпо во Супер-лигата. Најтрофејниот ракометен колектив ја запиша 15-та победа во низа, откако на домашен терен го совлада Тиквеш со 31-27.
Овој триумф доаѓа пред дербито во Битола каде „црвено-црните“ не планираат да застанат.
Митровиќ и Кавада имаа по пет гола, на другат страна Коцец запиша осум, додека Печурица 10 одбрни.
И Вардар исто како и Пелистер ги штедеше силите, одигра онолку колку што беше потребно за да дојдат до нови бодови.
На втората во истиот термин, ГРК Охрид победи против вториот тим на Пелистер со 33-20. Ристески имаше шест гола, по пет запишаа Лиапис, Петриќ и Ѓукиќ.










