Пред големото дерби кое ќе даде одговор околу понатамошната битка за титулата, Вардар 1961 и Пелистер одлучија да го одиграат мечот од 15. коло порано, за да имааат ден повеќе пред меѓусебната пресметка која ќе се игра во Битола. Во исчекување е актуелниот првак да го закаже овој натпревар, кој треба да се игра на 10 овој месец.
И двата тима немаа многу време за одмор, поготово битолчани, кои патуваа во Загреб во меч од Лигата на шампиони. За разлика од својот противник Пелистер го има поразот од хрватскиот тим и болното реми со Алкалоид. Па денеска (17:30 часот) против Струга на гости ќе се обиде да се рехабилитира.
Вардар 1961 пак има серија од 14 победи во низа во домашниот шампионат, победа над Тулуз во последниот меч од групната фаза во Европската лига, и нема намера да застане ниту против Тиквеш на домашен терен, дуел кој се игра со почеток во 18 часот.
Денеска ќе се одигра уште една средба од 15-то коло, ГРК Охрид е домаќин на Пелистер 2 (18 часот).
Останатите средби на програмата се викендов, а ќе се сретнат: Пролет – Прилеп, Алкалоид – Радовиш и Бутел Скопје – Куманово.










