Малешевиќ: ТФТ е добар тим, очекувам добра кошарка и победа!

0

После завршување на репрезентативната пауза продолжуваат мечевите во Супер-лигата, на програмаата е деби дуелот со ТФТ. Тимот од Тафталиџе во моментов е лидер на табелата, додека битолчани се зад нив.

Никола Малешевиќ е свесен дека пред Пелистер нема да биде нималку лесна задача, но верува дека овој тим ќе се прикаже во добро светло и ќе стигне до посакуваниот триумф.

„Пред нас е тежок дуел против лидерот на табелата, вистинско дерби кое е мотив плус за сите во Пелистер. ТФТ е тим што е добро покриен на сите позиции, играат квалитетна и брза кошарка сезонава. Ние сме во серија на не така добри резултати, но паузата од две недели ни беше добредојдена, имавме време да се регенерираме и максимално да се подготвиме за овој дуел. Очекувам добра кошарка од двете страни и се надевам на наша победа на крајот“, истакнува Малешевиќ, кој и сезонава е еден од клучните играчи во зелено-белиот табор.

ПретходноСП 2026: Мундијалот се отвара со дуелот Мексико – Ј.Африка, Хрватска и Англија во иста група! (ФОТО)