Ракометарките на „тест“ во Анкара, прв противник Турција

1

Македонската женска ракометна репрезентација во следните неколку дена е во Анкара каде ќе биде дел од меѓународен турнир во рамките на ЕХФ неделата. По мини-подготовките во Кавадарци, „црвено-жолтите“ ќе имаат тест против домаќинот, Словенија и Словачка.

Првиот меч нашите ракометарки го играат денеска против Турција со почеток во 16 часот.

Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:

  • 05.12 – Македонија – Турција – 16:00 часот по локално време (14:00 часот по македонско време)
  • 06.12 – Македонија – Словенија – 14:00 часот по локално време (12:00 часот по македонско време)
  • 07.12 – Македонија – Словачка – 12:00 часот по локално време (10:00 часот по македонско време)
Претходно„Градски Парк“ во финалната фаза: Работнички наскоро во модерна сала по ФИБА стандарди (ФОТО)