Унгарките минаа во четвртфинале иако не ја победија Јапонија

0

Со конечни 26:26, женската репрезентација на Унгарија одигра реми против Јапонија, и успеа да заврши како втора во групата што на оваа селекција дефинитивно и обезбедува четвртфинале на тековниот Мундијал.

Јапонките дури и имаа напад и за победа, но сепак, не успеаа да реализираат. Со ова Јапонките се елиминирани, Унгарија дефинитивно оди понатаму, а најголеми шанси да и се приклучи има Данска, на која што и треба бод во последните два меча.

Шведска славеше против Јужна Кореја со 32-27 но тоа не го намалува ужасниот настап на оваа селекција на овој турнир, во кој по долги години не се дел од осумте најдобри.

РЕЗУЛТАТИ:

Романија – Сенегал 37-17
Јапонија – Унгарија 26-26
Швајцарија – Данска 23 – 36

Ангола – Бразил 26-32
Шведска – Јужна Кореја 32-27
Чешка – Норвешка 14 – 37

ПретходноШкемби: Заслугата е на играчите, им благодарам за тоа