НБА лигата денеска го објави ажурираниот изглед на ранг-листата на најсериозни кандидати за наградата за најкорисен играч (MVP) во регуларната сезона 2025/2026. Со оглед на она што го имаше и минатиот пат, на врвот нема промени. Неверојатниот српски ценртар, Никола јокиќ и натаму е прв фаворит за ласкавото признание и оваа година, а најголеми опоненти ќе му бидат минатогодишниот добитник на наградата, Гилџес-Александер и словенечката мега-ѕвезда, Лука Дончиќ.
Во продолжение ТОП 10 листата на фаворити за признанието МВП оваа сезона:
- Никола Јокиќ (Денвер Нагетс);
- Шеј Гилџес-Александер (Оклахома Сити Тандер);
- Лука Дончиќ (Лос Анџелес Лејкерс);
- Кејд Канингем (Детроит Пистонс);
- Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс);
- Тајрис Макси (Филаделфија 76ерс);
- Донован Мичел (Кливленд Кавалирс);
- Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс);
- Алперен Шенѓун (Хјустон Рокетс);
- Џејлен Браун (Бостон Селтикс).










