Распали и вторпат: Мио вечерва со два гола за Ренџерс (ВИДЕО)

210
фото: The Rangers Review (X)

Бојан Миовски вечерва им испрати најдобар можен одговор на сите зли јазици и негативни коментари за неговата форма и голгетерскиот пост кој го следеше во изминатите 11 меча во дресот на Ренџерс. Вечерва нашиот репрезентативец тргна како стартер за Ренџерс на гостувањето кај Килмарнок и успеа да постигне два гола, покажувајќи дека ни од далеку не заборавил како се тресе противничката мрежа.

По голот во 33. минута од првиот дел, Мио погоди и во 54. минута за 0:2 за гостите.

ПретходноНавивачите на Ливерпул лути на Холанѓанецот: Каков проблем има Гакпо со Керкез?
СледноКога може да очекуваме дуел Меси vs. Роналдо на Светското првенство во 2026?