Алкалоид според планот – го демолира Радовиш!

1

Екипата на Алкалоид ја оправда фаворитската улога против Радовиш, на домашен терен славеше со 45-25 во меч од 15-то коло во Супер-лигата. За избраниците на Кирил Лазаров ова беше десета победа, им две ремија и два порази. На другата страна гостите го запишаа 15 пораз.

Гостите само еднаш поведоа на мечот (1-2) по што доминацијата му припадна на домашниот тим. На одморот Алкалоид имаше позитива од 23-15, а веќе на стартот на вториот дел поведе со двоцифрени 25-15. На стартот на 50-та со голот на Џонов, актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп имаше водство од 20 гола (41-21).

Лазаров на овој меч одигра со комбиниран состав, на дел од стандардните ракометари им даде одмор после големото дерби во Битола и освоениот бод. Ѓоргиев со шест гола беше прв стрелец, по пет имаа Џонов, Ѓорговски и Петковски. На другата страна Петров имаше шест погодоци.

Претходно Прилеп го победи Пролет на гости со 27-30 за уште еден добар резултат сезонавa. Бутел Скопје им се врати на победи откако славеше против Куманово со 37-29.

ПретходноЃоковиќ стана креатор на велнес комора во која се лекува со ароматерапија и кристали