Буендиа го реши дербито, Астон Вила со голем триумф над Арсенал

1

На стартот на денешната програма во Премиер лигата, закажано беше големото дерби помеѓу екипите на Астон Вила и Арсенал.

Домаќинот извојува огромна победа со погодок во петтата минута од судиското продолжение преку Емилиано Буендиа кој ги постави конечните 2:1 на овој меч.

Домаќинот поведе преку Мети Кеш во 36. минута, за да Тросард израмни на 1:1, за да веќе споменатиот Буендиа донесе огромна домашна радост.

Со ова Астон Вила стигна до фантастичното второ место во моментов со 30. бодови, а Арсенал сега сеуште е прв но со само три бодови предност токму од тимот на Вила.

 

ПретходноДве нерешени на второлигашките терени