Извртена реалност: Кога Хориха навистина би можел да го облече македонскиот дрес?

288
Фото: РК Вардар

Изминатиот период се отвори темата Дмитро Хориха и неговиот настап во дресот на македонската репрезентација.

Украинецот, кој се уште го нема добиено македонскиот пасош засега не ги исполнува сите услови за да може да биде дел од нашиот најдобар национален тим.

Добро е познато дека треба да се исполнат два услови:

Првиот е да поминат три години од последнот настап за Укрина. Според пресметките тоа би било некаде во април следната година.

Вториот услов е да има три години престој во Македонија. Тука ситуацијата е малку покомплицирана од желбата Македонија да има еден „бомбардер“ како него. Последните информации велат дека овој услов ќе го исполни во јули 2027 година, што значи дек во следните циклуси нема да можеме да сметаме на неговите услуги.

Секако во меѓувреме би можело да се промени нешто околу престојот во Македонија, па многу поскоро да го видиме и во „црвено-жолтиот“ дрес.

Тој се најде на поширокиот список на Украина за претстојното Европско првенство, но сигурно како и до сега би требало да го одбие повикот.

ПретходноДури ни Леброн Џејмс не можеше да поверува за колку пари се продаде една од неговите „сликички“
СледноСаити: Верувам дека со поддршка од нашите навивачи можеме да ја изненадиме Шкендија